Нагелсман: Не одам ниту во Челзи, ниту во Арсенал

од Vladimir Zorba

Тренерот на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман, ја негираше можноста за преземање на Арсенал или Челзи во текот на летото.

Младиот специјалист се појави како можен заменик на Арсенал Венгер, кој на крајот од сезоната објави дека ќе замине по 22 години во клубот.

За можен трансфер во Премиер Лигата, Нагелсман зборуваше пред „Скај Германија“.

“Јас не мислам така, не. Тоа се само гласини. Јас се фокусирам на себе си, мојот тим, и на ништо друго. Не сакам да коментирам за мојата иднина. Јас ќе зборувам за тоа, кога ќе дојде време“, изјави Нагелсман.

Слични содржини