Најавив можни поплави, но не реков дека ќе бидат од библиски размери, вели Ангелов

од Nikola Popovski

Најавив можни поплави со поголем процент на веројатност во однос на анализи што ги правиме како ЦУК, рече денеска директорот Стојанче Ангелов во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој рече дека не мисли на библиски поплави, што би ја поплавиле половина Македонија, но треба да бидеме подготвени за т.н. водни бомби.

-Поплавите што го очекуваме за околу месец дена ќе бидат покрај реките и суводолиците, што можат да направат штети на земјоделските површини и да поплават одредени домови кои што се покрај реки и канали. Од тука е апелот до градоначалниците да ги исчистат сите канали во своите општини, категоричен е Ангелов.

Слични содржини