Најбогат на светот, а спие на дупнат душек

од Vladimir Zorba

Елон Маск, според приказната за неговата девојка Грајмс, со која неодамна доби уште едно дете, живее како сиромав.

Пејачката Грајмс си ја отвори душата за „Venity Fair“ и раскажа како навистина живее.

„Овој човек не живее како мултимилијардер, тој повремено живее под прагот на сиромаштија. Во еден момент дојдовме до точка да живееме во куќа од 40.000 долари, без обезбедување, нашите соседи не снимаа без престан, никој не нè заштити, а ние јадевме путер од кикирики осум дена по ред“, рече таа.

Човекот, кој според Форбс има имот вреден 221,1 милијарди долари, наводно не сака да потроши ниту долар од својот имот.

„Сфативме дека душекот од мојата страна од креветот е пробушен, има дупка. Наместо да купи нов, Елон ми предложи да донесеме душек од мојот стан. Човекот не сакаше ни да купи нов душек“, рече Грајмс.

Слични содржини