Најбогатиот политичар од Русија призна дека убил човек

од Stefanija Kuzmanovska

Најбогатиот политичар во Русија, Игор Редкин, пратеник во Собранието на Камчатка, призна дека случајно убил човек на депонијата во селото Озерновски, изјави денеска неговата соработничка Олга Струченко за руската агенција ТАС С.

Таа ја претстави официјалната писмена изјава на Редкин пред јавноста.

„На 2 август се случи трагедија во која јас, Игор Редкин, бев вклучен и покрај друга намера. Вечерта дознав дека мечка талкала низ депонијата за ѓубре во селото Озерновски. Животното било потенцијално опасно за локалното население. Зедов пиштол со цел да ја исплашам мечката. Во самрак пукав кон мечка. После тоа, дознав дека локален жител бил ранет во таа област приближно исто време. Подоцна починал во болница“, се наведува во неговото соопштение.

Редкин навел дека е „подготвен да ја прифати казната што ќе ја одреди судот“.

Тој потсетил дека бил законодавец долго време и дека направил многу за оваа област.

Тој, исто така, кажал дека верува дека вистинската одлука е да го прекине членството во партијата „Единствена Русија“ и да ја напушти изборната кампања со цел да спречи озборувања.

Слични содржини