Најчестите погрешни постапки при детоксикација на телото

од Elena Daskalova

Детоксикацијата на телото ни е особено потребна по новогодишните и божикните празници, бидејќи нема кој не се опушта малку повеќе со јадење или со пиење алкохол.

Но, за вашиот детокс да биде успешен, мора да се придржувате до правилата, но и да ги избегнувате трите најголеми грешки:

Премалку течности

Течностите се важни за телото, за да може да се одвива размената на материи непречено. Секако, приоритет треба да ви биде водата, а дури потоа чаевите или свежите сокови од цвекло и морков. Она што не смеете да го внесувате се црниот чај и кафето и нормално, алкохолот.

Претерувате со физичка активност

Сосема е потребно да се занимавате со спорт и општо, со физичка активност, но по никоја цена не смеете да претерувате. Исто така, избегнувајте да спортувате кога надвор е премногу загадено, бидејќи така отровите ги внесувате директно во крвта. Подобро е да направите вежби дома, наместо да трчате надвор.

Премалку спиење

Недостатокот на сон е една од главните причини зошто метаболизмот ви е бавен и не може да се справи со отровите во вашето тело. Значи, не е доволно само да спортувате и здраво да се храните, туку и да спиете доволно и квалитетно.

Слични содржини