Најчевска: Ако ДУИ не бидат столчени на изборите, Албанците во Македонија ќе си останат заглавени во селскиот нужник во кој моментално се наоѓаат

од Vladimir Zorba

„Ова е единствената кампања која може да ја води ДУИ. Што друго може да понуди?“, реагира професорката Мирјана Најчевска на барањата на лидерот на оваа партија, Али Ахмети за прв премиер Албанец на државава.

„Може да посочи некое посебно подобрување на животот на Албанците во Македонија како резултат на 20 години владеење?

Образованието на албански јазик го подигна нивото на знаење на учениците и студентите?

Нагло се подобри животот во општините водени од градоначалници – Албанци?

Има помало иселување на Албанците од Македонија?

Се намножија некорумпирани судии?

Во администрацијата влегоа професионалци наместо партиски војници?

Се зголеми сигурноста на живеење во албанската заедница? …?

Според мене, ако сега на овие избори Албанците во Македонија не го столчат ДУИ и не го исфрлат ако не за секогаш тогаш барем на подолг период од политичката сцена, ќе си останат заглавени во селскиот нужник во кој моментално се наоѓаат“, посочува Најчевска.

Слични содржини