Најчевска: Партиите се договараат на страна, а пратениците како кленови само креваат рака, не сме за во ЕУ

од Viktor Jovanov

Само по себе е проблематично што зборуваме дека партиите треба да се надраснат, не треба партиите да решаваат за законот за Јавно обвинителство. Законот е во Собрание, за законот треба да решаваат пратеници кои ќе бидат независни и ќе работат за граѓаните, а не партиите, изјави активистката Мирјана Најчевска во вечерашната дебата на Канал 5.

-Впечатокот е дека партиите на страна ќе се договорат и пратениците како кленови ќе дигаат рака само. За што ни е тогаш Собрание, да ги земеме Заев и Мицкоски да се договорат и да стиснат по едно копче и готово. Додека не дојдеме во ситуација законите да се носат во Собранието, за законите да се расправа со аргументи во самиот парламент, додека не се случи тоа ние нема да мрднеме и не сме за во Европска унија, вели Најчевска.

Таа додава дека и двете страни, власта и опозицијата зборуваат исто само на различен начин.

-Никој не зборува за законот туку зборуваат за она што е меѓу нив, некој судир. Најмалку од се се зборува за решението на законот и за она што навистина може да го пружи законот, а повеќе се користи оваа расправа за маркетинг кој треба да послужи за изборите, изјави Најчевска.

Слични содржини