Најчевска: Треба да се забрани градоначалници да бидат луѓе кои се сопственици на бизнис

од Nikola Popovski

Според мене треба да се забрани градоначалници да бидат луѓе кои имаат било каков бизнис, кои се сопственици на бизнис или кои се дел од семеен бизнис. Тоа истото треба да важи и за Владата на државата во која не смее да има бизнисмени, смета граѓанската активистка и професорка, Мирјана Најчевска, откако во јавноста проструи информацијата дека поранешниот министер за здравство, Имер Селмани ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на град Скопје.

Според неа, јавниот интерес е секогаш загрозен од приватниот, а бизнис логиката нема позитивно влијание врз решавањето на проблемите на луѓето на локално ниво.

„Не треба општините да се водат по принципот дури и на добро управувани претпријатија, затоа што во оваа сфера не смее да пробие ни на мала, а камо ли на голема врата логиката на профитот“, објавува Најчевска.

Откако денеска во јавноста излегоа информациите за Селмани, се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој демантираше дека СДСМ и ДУИ воопшто разговарале за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје.

Слични содржини