Најчевска за извидничкиот одред: Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс?

од Nikola Popovski

Мислам дека треба да се истражи дали има прекршување на правата на децата и во секој случај да се испита програмата на кампот од страна на детски психолози, педагози и секако правници, вели професорката и граѓански активист, Мирјана Најчевска во врска со контроверзниот извиднички камп, во кој родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.

-Ако го пуштам детето на камп со назив Тајните на библијата очекувам да се проучува библијата. На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така. На спортски камп за баскет исто. Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс?, прашува Најчевска.

Според неа, родителите требале да погледнат програма, фотографии од претходни кампови.

-Што не се распрашал кога веќе го видел називот. До сега не слушнав за насилство и присилување. А ставање презерватив на краставица не е облик на насилство, туку обука која би требало да ја помине секој млад човек, потенцира Најчевска.

Слични содржини