Најчевска за Законот за дивоградби: Се промовира неправото

од Nikola Popovski

Граѓанската активистка и професорка Мирјана Најчевска смета дека новиот Предлог-закон за легализација на дивоградбите е закон со кој се промовира неправото.

-Нема правна држава во држава во која одново и одново се врши легализација на бесправно изградени објекти. Не ни треба Бугарија за да не влеземе во ЕУ. Ние самите со секоја своја постапка градиме ѕид кон ЕУ, вели Најчевска во објава на социјалните мрежи.

Според неа, овој закон не е во корист на граѓаните.

-Ако дозволите повторно да ве замајуваат со шарени лажги, дека е ова нешто сосема поинакво, во корист на граѓаните, и дека оваа дупка не е дупка тогаш сте поглупи отколку што можев да замислам, потенцира Најчевска.

Со ова законско решение ќе можат да се легализираат бесправно изградени објекти до 1 јануари 2021 година.

Предвиден е скалест начин за пресметување на надоместокот за легализација и тоа, за објект до 80м2 висината на надоместокот се зголемува за 50% од основниот комунален трошок, а за објекти над 80м2, овој надоместок се зголемува за 100%.

Слични содржини