„Најдобар бакнеж“: Хари Стајлс номиниран за награда за романтична комедија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Хари Стајлс и Дејвид Девсон глумеа во романтичната комедија „My Policeman“ и добија номинација за „најдобар бакнеж“ на претстојните MTV филмски и ТВ награди.

Хари Стајлс беше номиниран во две категории – „најдобар негативец“, за улогата во филмот „Don’t Worry Darling“, и „најдобар бакнеж“ поради бакнежот со споменатиот колега во романтичната комедија „My Policeman“.

Она што е интересно за втората спомената номинација е тоа што Хари Стајлс во претходните месеци беше обвинет дека „се однесува премногу геј“ за да ја привлече ЛГБТ публиката.

Самиот пејач никогаш отворено не зборувал за својата сексуалност, но познато е дека е во врска со жени – неодамна беше уловен во страсен љубовен момент со Емили Ратајковски, а претходно беше во врска со Оливија Вајлд.

MTV филмските и ТВ наградите ќе се одржат на 8 мај оваа година.

Слични содржини