Атрактивната Амор Ромеира, која стана позната со учеството во шпанскиот Голем брат, привлече големо внимание зборувајќи за нејзината врска со фудбалер.
Поранешната учесничка на реалното шоу деновиве е главна тема во шпанските медиуми затоа што откри дека „најголемата шпанска фудбалска sвезда е геј“. Нејзината изјава се однесува на еден од фудбалерите од првата лига таму, но таа не го наведе името на спортистот.
https://www.instagram.com/p/CByUsTLK-f9/?utm_source=ig_web_copy_link
– Беше неверојатно со него. Тој ми зборуваше убави работи, се шегувавме, добро се бакнувавме, но … После тоа, ништо не се случи. Во еден момент го мразев, го блокирав на социјалните медиуми. Потоа повторно се сретнавме – рече Амор Ромеира.
Таа откри дека однесувањето на фудбалерот ја натерало да размислува за неговата сексуалност.
– Размислувам за неговиот вкус во сексот. Дали е геј? Дали е бисексуалец? Дали е бисексуалец „инспириран“ од хомосексуалци? Тој е геј за мене, но не можам да откријам кој е тој заради хомофобијата во фудбалот – рече Амор.
Таа додаде дека не сака да го каже неговото име бидејќи тоа не би било фер за спортистот, но откри дека тој е најдобриот играч во лигата …