Најдобриот млад африкански фудбалер за 2019 година е од Бундеслигата

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими е избран за најдобар млад фудбалер на Африка за 2019 година. Тој ги остави зад себе во рангирањето нигериското крило на Виљареал, Самуел Чуквуезе и уште еден репрезентативец на „суперорлите“ – Виктор Осимен од Лил.

Од почетокот на сезоната, Хакими, кој е во сопственост на Реал Мадрид, но игра за изнајмување во Борусија Дортмунд, има 17 натпревари во Бундеслигата. Кај нив, Мароканецот има постигнато 2 гола и направи 6 асистенции.

Договорот за отстапување на дефанзивецот истекува во текот на летото и тој ќе се врати во Реал. За него веќе е заинтересиран Баерн Минхен и се вели дека Баварците се подготвени да конкурираат за потписот на 21-годишниот талент.

Од Борусија му честитаа на Хакими за освојувањето на престижната награда. На церемонијата, тој беше придружуван од неговата мајка и сестра.

Слични содржини