Најдобриот ракометар во Европа за 2019 година ја заврши репрезентативната кариера

од Vladimir Zorba

Најдобриот ракометар во Европа за 2019 година, Петар Ненадиќ ја заврши репрезентативната кариера.

Ненадиќ за Србија играше 15 години и на 78 натпревари постигна 213 гола.

Со „орлите“ победи на Медитеранските игри во 2009 година и беше европски вицешампион во 2012 година.

Ненадиќ има 35 години, а клупската кариера ја започна во Црвена звезда, играше и за Алхесирас, Барселона, Сегед, Холстебро, Висла Плок, Фуксе Берлин, а моментално е член на унгарски Веспрем.

Покрај признанието за играч на Европа 2019 година, тој беше најдобар ракометар во Србија за 2016, 2017 и 2020 година и МВП на фајналфорот на регионалната СЕХА лига за 2021 година.

Слични содржини