Најдобриот тим за 2020 година: Алисон пред Нојер, не може без Меси и Роналдо

од Nikola Popovski

ФИФА ги прогласи најдобрите 11 фудбалери за 2020 година, на редовната церемонија за доделување на годинешните награди.

Интересно е што првиот голман на најдобриот тим не е истиот оној што ја доби наградата за најдобар голман во 2020 година.

Остатокот од тимот, може да се каже, дека е очекуван.

Најдобар голман е Алисон, иако наградата за најдобар голман му припадна на Мануел Ноер. Александар-Арнолд, Ван Дајк, Рамос и Дејвис се во дефанзивниот ред. Што се однесува до средниот ред, тука се Кимих, Де Брујн и Тијаго, а напаѓачи се Меси, Левандовски и Роналдо.

Слични содржини