Најголем дел од смртните случаи од Ковид-19 се на возраст над 60 години

од Aleksandar Petrovski

Според податоците на Институтот за јавно здравје досега регистриран е 151 смртен случај (Лт = 5,2%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) .

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=98) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 25,6/100.000 жители.

Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 115 (76,2%) се регистрирани коморбидитети. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,0%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,0% починале за време на хоспитализација.

Слични содржини