Најголема доверба за чување на заштедата, граѓаните имаат во Комерцијална банка

од Берта Китинска

Според податоците на Народната банка околу 4,7 милијарди евра граѓаните штедат во македонските банки.

Граѓаните имаат најголема доверба во Комерцијална банка АД Скопје и таму најмногу ги депонираат своите заштеди. Податоците на НБРСМ, покажуваат дека граѓаните во оваа банка чуваат 1,3 милијарди евра.

Втора најсигурна банка на која домаќинствата и ги довериле своите заштедите е Стопанска банка АД-Скопје, на трето место со најголемо депозитно салдо е НЛБ Банка АД Скопје. Во Халкбанк АД Скопје граѓаните чуваат заштеди во вредност од 315 милиони евра, во Охридска банка АД Скопје се депонирани 218 милиони евра во депозити, додека пак во УНИБанка АД Скопје граѓаните имаат заштеди во износ од 206 милиони евра.

Слични содржини