Најголемиот воен брод на светот стигна во Осло, Русите бесни (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најголемиот воен брод во светот, носачот на авиони „USS Gerald R. Ford“ пристигна во средата во Осло, што соседна Русија го критикуваше како „нелогичнa и штетнa“ демонстрација на сила.

Бродот на нуклеарен погон долг 337 метри со поместување од повеќе од 100.000 тони вплови во фјордот Осло под придружба, каде што ќе остане неколку дена пред да се упати кон Арктикот, јавуваат норвешките медиуми, каде се одржуваат воени вежби.

„Посетата и присуството на носачот на авиони давае динствена можност да ја развиеме нашата соработка и блиска соработка со нашиот најважен сојузник, САД“, се вели во соопштението на норвешката војска.

Руската амбасада силно ја критикуваше „посетата“ која доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Западот и Русија поради војната во Украина.

„Нема прашања на северот кои бараат воено решение, ниту прашања за кои е потребна надворешна интервенција“, изјави портпаролот на руската амбасада Тимур Чеканов преку е-пошта за АФП.

„Со оглед на тоа што Осло признава дека Русија не претставува директна воена закана за Норвешка, таквите демонстрации на сила изгледаат нелогични и штетни“, додаде тој.

Членката на НАТО Норвешка дели копнена граница со Русија на далечниот север, како и поморска граница во Баренцовото Море.

Бродот „USS Gerald R. Ford“, кој може да носи до 90 авиони и хеликоптери, се очекува да остане закотвен во норвешката престолнина неколку дена.

Околу бродот беше воведена голема забрана за воздушниот и морскиот простор.

Според онлајн медиумот „Barents Observer“, се очекува бродот да се упати кон Арктикот за неколку дена, пред почетокот на вежбата „Arctic Challenge“ на 29 мај, која собира 150 авиони од 14 западни земји.

 

Слични содржини