Најголемите проекти, кои се реализираат во Њујорк (ФОТО)

од Vlatko K

Њујорк е град кој сите сонуваат да го посетат. Мегаполисот нуди стотици видови забава, знаменитости, ексклузивен ноќен живот, гурманска сцена, шопинг дестинација … Доаѓањето тука значи дека нема да ви биде досадно ни за секунда. Но, Големото Јаболко е на пат да се промени.

Во планот за неговиот развој има неколку забележителни проекти, кои ќе бидат реализирани и ќе го претворат градот во уште попосакувано и поинтересно место.

„Хадсон Јардс“ („Hudson Yards“)

Одредуван како најголемиот градски проект од „Рокфелер центар“, „Хадсон Јардс“ е мега проект за 20 милијарди долари во Западниот дел на Менхетен. Тој ќе вклучува нова населба со станбени згради и деловни облакодери, училишта, болници, трговски центри, паркови, покажува планот на Kohn Pederson Fox (KPF).

Хадсон Јардс“ има површина од 110 хектари и ќе биде изграден во две фази. Во проектот за трговските делови учествуваат и голем број на познати архитекти, како Сантијаго Калатрава и Френк Гери, кои се избрани да ги дизајнираат станбените кули на проектот.

За канцеларискиот дел, зградите се доверени на познати архитекти – Бил Педерсен од Kohn Pedersen Fox Associates, Foster & Partners, Дејвид Далес од Skidmore, Owings & Merrill LLP.

„Менхетен Вест“ („Manhattan West“)

На блиско растојание од „Хадсон Јардс“, проектот на SOM – „Менхетн Вест“ вклучува две големи канцелариски кули, две помали згради, хотел и реконструкција на зграда од 60-тите години на XIX век.

Првата зграда е веќе во груба фаза на изградба. Таа е со височина 67 спрата и се очекува да биде завршена во 2019 година. Соседната – „Менхетн Вест 2“ нема да започне, пред да најде најмувачи.

Од трите станбени објекти има само еден завршен а останатите се во еден проект.

„Уан Вандербилт“ („One Vanderbilt“)

„Уан Вандербилт“ се очекува да стане втора највисока зграда во градот по Светскиот трговски центар One

Стаклената кула е веднаш до Grand Central Terminal и ќе има пристап до некои подземни платформи на станицата.

Проектот, исто така, вклучува повеќе малопродажен простор и голем атриум во долните катови, како и повеќе од 150.000 квадратни метри канцелариски простор.

Завршувањето се очекува во 2020 година

Домино фабрика за шеќер („Domino Sugar Factory“)

Лоциран по брегот на Вилијамсбург, напуштената област за производство на шеќер се трансформирана во соседство. Големиот план на SHoP Architects и вклучува реновирање на оригиналната фабрика и изградба на неколку нови кули за повеќекратна употреба.

Првата зграда беше завршена и неодамна беше отворен парк од шест хектари.

Преостанатите кули ќе завршат во фази во наредните години.

 

Слични содржини