Најлош ден од почетокот на пандемијата во Србија: 18 мртви

од Vladimir Zorba

Денес починаа 18 лица од коронавирус, 130 пациенти се на респиратор, а 386 лица се заразени, изјави пемиерката Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција.

Поради коронавирусот, прогласена е вонредна состојба во Врање, Нови Пазар, Крагуевац, Ивањица, Шабац, Чачак, Тутин, Белград, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице, Лучани, Прибој, Владичин Хан, Богатиќ, Брус и Чајетина, Крушевац, Ваљево и Александровац.

Мерките што беа донесени денес стапуваат во сила веднаш, откако е забрането да се собираат повеќе од 10 лица на јавни и затворени места, со задолжително физичко растојание од најмалку 1,5 метри.

Исто така, сите деловни субјекти кои вршат угостителски активности се должни да го ограничат работното време во угостителските објекти кои немаат градина, како и ноќните клубови на територијата на градот Нови Сад, од 06.00 до 21,00 часот.

Слични содржини