Најлош ден во Велика Британија: 381 починат во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Црн ден за Велика Британија.

За 24 часа, од коронавирусот на островот починале 381 лице, што е апсолутен рекорд за таа земја досега.

Вкупниот број на жртви во таа земја сега е 1.789, што, после Италија и Шпанија и Франција, има најмногу починати во Европа.

Вкупниот број на заразени лица во Британија е 25.150, а бројот на излекувани лица е само 135.

Слични содржини