Најлошата варијанта од ковид-19 откриена и во Европа

од Milan1

Нов вид на коронавирус откриен во Африка, кој е идентификуван како потенцијално најлошата варијанта на ковид, е откриен во Белгија, објави локален весник откако водечки белгиски медицински функционер потврди дека здравствените власти анализирале два „сомнителни“ примероци.

„Во моментов анализираме два сомнителни примероци“, објави Марк ван Ранст, водечки белгиски виролог, претходно на Твитер.

Тој објасни дека примероците биле окарактеризирани како „сомнителни“ бидејќи не биле делта сој на короната, која е доминантна во Белгија, пренесе RT.

Слични содржини