Најмал број на новозаразени во Италија од 26 февруари

од Vladimir Zorba

Италија објави дека во таа земја се регистрирани уште 178 лица заразени со коронавирус, што е најниско дневно зголемување на бројот на пациенти од 26 февруари.

Властите објавија дека уште 60 лица починале во претходните 24 часа како резултат на инфекција со коронавирус, со што бројот на загинатите достигна 33.475. Само САД и Велика Британија имаат повеќе мртви од Италија.

Според објавените податоци, инфекцијата со коронавирус досега е потврдена кај 233.197 лица, а само пет земји имаат повеќе заразени.

Експертите велат дека вистинскиот број на заразени во Италија е секако значително поголем, затоа што се тестираат само луѓето кои се наоѓаат во болници, оние кои имаат сериозни симптоми и оние кои биле во контакт со некој кој е заразен.

Во понеделник се навршуваат четири недели од почетокот на постепеното олеснување на рестриктивните мерки во Италија.

Од среда ќе биде укината забраната за патување меѓу италијанските региони, а туристите од повеќето европски земји ќе можат да влезат во земјата.

Слични содржини