Најмал број жртви од коронавирус во Италија од почетокот на март

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа починаа 153 лица од КОВИД-19 во Италија, а тоа е најмал број на жртви од 9 март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, бројот на пациенти, 875, се зголеми од вчера, кога беа заразени 789 лица.

Вкупниот број на смртни случаи откако е прогласена епидемијата на 21 февруари е скоро 32.000, така што Италија е на третото место во светот, по Соединетите држави и Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Постојат повеќе од 224.000 потврдени случаи, со што Италија е петта најзаразена во светот, по САД, Шпанија, Велика Британија и Русија.

Денес, бројот на активни случаи се спушти на 70.187 од вчера, кога имаше 72.070 активни случаи.

Денес 775 пациенти се на интензивна нега, триесет и три помалку од вчера.

Од сите пациенти пријавени дека имаат коронавирус, досега се опоравиле 122.810.

Тестирани се 1.900.000 луѓе од 60 милиони што живеат во Италија.

Слични содржини