Најмалку 10 лица загинаа во поплави во Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 10 лица загинаа, а три се водат како исчезнати во поплавите во централната кинеска провинција Хунан, јавија државните медиуми.

Невремето ја зафати провинцијата од почетокот на месецот, додека некои мониторинг станици известуваат за историското ниво на врнежи, објави агенцијата „Ксинхуа“ доцна синоќа.

Околу 1,8 милиони луѓе беа погодени во претежно руралната и планинска провинција, од кои 286.000 беа евакуирани на побезбедни места, додека 2.700 куќи беа оштетени или целосно урнати, соопшти „Ксинхуа“.

Кина редовно има поплави во текот на летните месеци, најчесто во централните и јужните делови на земјата каде што врне најмногу дожд.

Најлошите поплави во Кина во последните години беа во 1998 година, кога повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а речиси три милиони домови беа уништени, главно покрај реката Јангце, најмоќната река во Кина.

На глобално ниво, бројот на тропски бури расте како резултат на климатските промени, што доведува до повеќе поплави и закани за човечките животи, посевите и квалитетот на подземните води.

Слични содржини