Најмалку 11 мртви во голема експлозија во централна Кина (ВИДЕО/ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 11 лица загинаа во голема експлозија на гас во централна Кина, објавија државните медиуми.

Експлозијата се случила околу 06:30 часот по локално време во областа Зангванг во градот Шиен во провинцијата Хубеи, според локалните власти.

Властите спасија повеќе од 100 лица од урнатините, вклучувајќи 37 со сериозни повреди, објави  СИ-СИ-ТИ-ВИ.

Официјалните лица првично рекоа дека многу луѓе биле заробени по инцидентот.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи од местото на настанот се гледа како спасувачите трагаат по преживеани во урнатите куќи.

Може да се видат и луѓе како лежат на улица, додека зградите околу нив беа урнати.

Причините за несреќата се испитуваат, велат од градската влада.

Слични содржини