Најмалку 13 лица ранети во пукање во Тексас: Напаѓачот во бегство – не работел сам?

од Stefanija Kuzmanovska

Непознато лице застрела најмалку 13 лица во центарот на Остин, во американската држава Тексас. Двајца од ранетите се во критична состојба, а напаѓачот се уште е во бегство, соопшти полицијата. Не е познато дали осомничениот, чиј краток опис е објавен, дејствувал сам.

Пукањето се случило среде ноќ на периферијата на еден град познат по својот богат ноќен живот.

„Еден од осомничените е маж, Афроамериканец со суканици, тој е слаб и носи црна маица. Во моментов е во бегство, но не сме сигурни дали има уште напаѓачи. Во болница се згрижени 13 ранети, од кои двајца се во критична состојба. Засега нема жртви“, соопшти полицијата.

Во соопштението, полицијата додаде дека „се чини дека станува збор за изолиран инцидент“, но дека истрагата сè уште трае.

Слични содржини