Најмалку 14 мртви и повеќе од 300 повредени во моќниот земјотрес во Турција

од Vladimir Zorba

Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот што вечерва ја погоди источна Турција, а направена е и голема материјална штета.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,7 степени беше близу градот Сивас, во провинцијата Елазиг, на длабочина од 6,7 км, проследен со низа послаби земјотреси, од кои најсилниот беше 5,4 степени.

Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сулу изјави дека две жртви се од провинцијата Елазиг, а уште две во соседната провинција Малатија, објави националната агенција Анадолија.

Сулу, исто така, рече дека спасувачите трагаат по преживеаните под урнатините на четирикатна зграда во градот Маден, а според извештаите, се работи за седум лица.

Во Сивас се срушија пет згради, но нема загинати, туку само неколку повредени.

Во провинцијата Елазиг во 2010 година, во земјотрес од шест степени, животот го загубија 51 лице.

Слични содржини