Најмалку 18 жртви на тајфунот во Јапонија

од Vladimir Zorba

timthumb

Бројот на жртвите од тајфунот „Лајонрок“ кој кон крајот на минатата седмица го погоди североистокот и северот на Јапонија, се искачи на 18 луѓе, а бројот на исчезнатите достигна девет, пренесе во вторникот телевизијата NHK повикувајќи се на локалните власти.

Во градот Иваизуми во префектурата Ивате поради обилните дождови од коритото се изела реката, којашто за неколку минути го поплавила до првиот кат домот за стари лица, од каде што не успеале навреме да евакуираат девет лица. Водата го достигнала нивото на плафонот, и сите лица кои заостанале на првиот кат загинале.

Вкупно во префектурата Ивате од поплавите предизвикани од врнежите загинале 16 лца, а седум се водат како исчезнати. На најсеверниот јапонски остров Хокаидо животите ги загубиле две лица, а уште две се пријавени за исчезнати.

Како резултат на тајфунот кој ги мина североистокот на островот Хоншу и на северниот остров Хоншу и на северниот остров Хокаидо само во текот на ноќта наврнало количество дожд што е еднакво на количеството врнежи за цел месец, околу 300 милиметри. Во префектурите Ивате и Хокаидо се пробиени брани и излиени се реките. Во погодените области 1.600 луѓе се отсечени од остатокот на земјата, а 30 лица поради итна медицинска помош се префрлени авионски во Мориока и другите блиски градови.

Тајфунот Лајонрок го зафати северниот дел од пацифичкиот брег на Јапонија,беше проследен со ветрови со брзина од 160 километри на час покрај поројните дождови. Но регионот е од опасност од налет на уште една тропска бура „Нејмтеун“, којашто се очекува да стаса до западниот дел на Јапонија во саботата. Бурата се движи кон јужниот дел на главниот остров Кјушу со ветрови со брзина од 180 километри на час.

„Интензитетот на Нејмтеун може да го достигне врвот со еквивалент на Категоријата 3 на ураганите на Атлантик и источниот дел на Пафицикот“, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Јапонија, инаку, само оваа сезона беше погодена од 12 тајфуни. Сезоната на пацифичките тајфуни во Јапонија трае од мај до октомври, додека во август и септември се пикот на сезоната на тајфуните во јапонскиот архипелаг.

Слични содржини