Најмалку 20 Палестинци загинаа во појасот Газа, пожар избувна кај Ал-Акса

од Vladimir Zorba

Голем пожар избувна во понеделникот вечерта во ерусалимскиот комплекс на џамијата Ал-Акса, едно од најсветите места во исламот.

Причината за пожарот не можеше да се утврди веднаш, но се случи по упадот на израелските полициски сили во областа на џамијата за време на инцидентот во кој беа повредени повеќе од 300 Палестинци.

Претходно имаше ескалација на насилството меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили.

Хамас објави дека истрелале неколку ракети како одговор на насилството на израелската полиција врз муслиманите во џамијата Ал-Акса во Ерусалим. После тоа, сигналите за предупредување се огласија во Ерусалим и во близина на границата со Газа.

Израелската армија соопшти дека од Појасот Газа биле испукани седум ракети, а едната од нив била пресретната од нивниот противавионски систем.

Најновите извештаи велат дека најмалку 20 Палестинци се убиени, од кои десет се деца.

Слични содржини