Најмалку 24 загинати во племенски судири во Судан

од Milan1

Најмалку 24 лица се убиени во племенски судири во Судан, соопшти денеска локална хуманитарна организација.

Судирите избувнаа во провинцијата Западен Дарфур, по кавга за пари меѓу припадници на арапските и неарапските племиња во бегалски камп.

Најмалку 35 лица се повредени кога членовите на арапската милиција го нападнаа кампот вчера, ограбувајќи и палејќи го имотот на противниците.

Кампот се наоѓа источно од главниот град на провинцијата Џенена. Во него се сместени луѓе од африканското племе Масалит, кои беа принудени да ги напуштат своите домови за време на конфликтот во Дарфур.

Слични содржини