Најмалку 4 месеци затвор за удирање шлаканица на Макрон

од Vladimir Zorba

Дамијан Тарел, кој е обвинет за удирање шлаканица на претседателот на Франција Емануел Макрон, ќе помине најмалку четири месеци зад решетки, пренесуваат светските медиуми.

За време на испрашувањето, тој призна дека го удрил претседателот на Франција и го навредил, објави обвинителството.

Денес му се судеше по итна постапка, а обвинетиот, кој е близок до движењето „Жолти елеци“, рече дека „постапил инстинктивно, со цел да го искаже своето незадоволство“.

Да потсетиме, нападот се случи на 8 јуни на југоисток од Франција, каде Макрон се состана со ученици на угостителско училиште. Полицијата наскоро уапси двајца мажи на возраст од 28 години и изврши претрес во нивните домови

Полицијата пронајде оружје во куќата на соучесникот на Дамијан, како и копија од книгата на Адолф Хитлер „Мајн Кампф“.

Слични содржини