Најмалку 446 милиони долари е приходот на Трамп во 2019 година

од Vladimir Zorba

Во 2019 година, Доналд Трамп заработил 21,4 милиони американски долари од неговото одморалиште во Флорида, Мар-а-Лаго, според документот за приходи од 78 страници за американскиот претседател објавен од владината канцеларија за етика. Во декларацијата за 2018 година приходите од комплексот беа скоро 22,7 милиони долари.

Добивката од хотелот во Вашингтон се намалила за 300.000 долари во однос на 2018 година и претставува 40,5 милиони долари. Од друга страна, во 2019 година, одморалиштето „Trump National Doral Miami“ му донело 77,2 милиони долари – 1,3 милиони долари повеќе од претходната година. Приходите од голф-клубот во Бедминстер, Џерси исто така се зголемија од 15,7 милиони долари на 17,7 милиони долари. „Волстрит Журнал“ проценува дека приходот на претседателот во 2019 година не е помалку од 446 милиони долари.

За време на изборната кампања во 2016 година, Трамп тврдеше дека неговото богатство надминало 10 милијарди американски долари. Експертите постојано изразуваат сомнеж дека вкупната вредност на неговите средства е значително пониска.

Слични содржини