Најмалку осум лица загинаа во пожар во станбена зграда во Манила

од Aneta Risteska
8 прегледи

Најмалку осум лица загинаа, а најмалку едно лице е повредено во пожар во станбена зграда во филипинската престолнина Манила.

Пожарот избувна во текот на ноќта и ја уништи трикатната дрвена станбена зграда за помалку од еден час, соопштија локалните власти.

Избувнувањето на пожарот се случи само два дена пред почетокот на месецот за спречување пожари, соопшти агенцијата, додавајќи дека многу смртоносни пожари на Филипините се предизвикани од лошото спроведување на безбедносните прописи, пренатрупаноста и неисправниот дизајн на зградите, јави Танјуг.

Слични содржини