Најмалку осум жртви од поплавите во Америка: „Патиштата се претворени во реки“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица загинаа откако обилните врнежи предизвикаа поплави во американската сојузна држава Кентаки во четвртокот, изјави нејзиниот гувернер.

„Ова би можело да биде најлошата поплава во поновата историја, разорна и смртоносна“, изјави гувернерот Енди Бечард и додаде дека бројот на исчезнати е непознат, а дождливото време се очекува да трае до петок.

„Засега можам да потврдам осум загинати, но тој број се зголемува од час во час“, додаде тој. Очекува, како што рече, двоцифрена бројка на жртви.

Патиштата се претворија во реки

Околу Џексон, некои патишта се претворија во реки, а некои автомобили ги оставија зад себе.

Во четвртокот некои делови беа поплавени со светло-кафеава матна вода над која се гледаа само покривите на зградите и дрвјата. Во такви околности, многу жители побарале засолниште на покривот од својата куќа, чекајќи помош.

Дваесет до триесет лица беа евакуирани по воздушен пат, додаде Бечард во четвртокот вечерта за локалната телевизија.

Поради климатските промени предизвикани од човекот, се зголемува количината на водена пареа во атмосферата, што го зголемува ризикот од прекумерни врнежи, проценуваат научниците. Дождот, заедно со другите фактори, особено пренатрупаниот терен, влијае на се почестата појава на поплави.

Слични содржини