Најмалку петмина повредени во земјотрес во Иран

од desk4

   Најмалку пет лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, што вчера ја погоди југозападната иранска покраина Кузестан.

Замјотресот бил на длабочина од 15 километри под површината на земјата, со епицентар во местото Лафт на островот Кешим, на околу 1.100 километри јужно од иранскиот глевен град Техеран.

Весникот „Калиџ тајмс“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на Националниот центар за метеорологија, објави дека земјотрес бил почувствувал и во северните делови на ОАЕ.

При земјотрес во Иран во ноември минатата година со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, загинаа над 700 лица.

Слични содржини