Најмалку шест загинати при пукање на парада на Денот на независноста во САД

од Nikola Popovski

Најмалку шест лица загинаа, а 24 се ранети во пукање за време на парадата на Денот на независноста на САД во предградието Хајленд Парк во Чикаго, соопштија официјални лица.

Според официјалните лица, на местото на настанот била пронајдена пушка, пренесува Ројтерс.

Осомничениот е во бегство, поради што властите апелираа до граѓаните да се засолнат, додава „NBC Chicago“.

„Полицијата трага по осомничениот, пронајден е доказ за огнено оружје“, се наведува на локалната веб-страница на Хајленд Парк.

Очевидци изјавија дека е можно напаѓачот да пукал од врвот на една од високите згради.

Парадата во Хајленд Парк беше прекината околу 10 минути откако започна околу 10 часот, кога одекнаа истрелите.

Стотици учесници на парадата, од кои некои беа облеани во крв, побегнаа оставајќи столчиња, колички за бебиња и ќебиња зад себе, пренесе АП.

Полицијата ги повика жителите да се разотидат, а претставниците на Хајленд Парк ги замолија жителите да го избегнуваат центарот на градот.

Слични содржини