Најмалку три лица загинаа во судир на два авиона во Колорадо

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица загинаа кога два мали авионa се судрија во воздух во округот Болдер во американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти.

„Авион од типот ‘цесна 172’ и уште еден авион се судрија и се урнаа на земја во близина на аеродромот Лонгмонт во саботата“, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА), пренесе Си-Ен-Ен.

Американската федерална управа за авијација соопшти дека имало две лица во „цесна“ и едно во другиот авион.

Слични содржини