Најмалку тројца загинати во невреме во Шпанија

од Aleksandar Petrovski

Најмалку три лица загинаа при невреме во Шпанија, проследено со силен ветер и снег, пишува весникот „Венте минутос“.

Двајца мажи загинаа, еден во областа Астурија, а друг во областа Кастиња, додека во Гандија, Валенсија, денеска загина жена – бездомник.
Шпанската државна метеоролошка служба објави предупредување поради невремето во 33 провинции. Поради лошото време, некои патишта се затворени, како и пристаништата Валенсија и Гандија. Во 194 општини во регионот Валенсија часовите беа откажани.
На Твитер, шпанските аеродромски власти соопштија дека аеродромот „Аликанте“, поради силниот ветер, денеска ќе биде затворен. На 15 јануари, пак, на тој аеродром имаше пожар.
Според синоптичарите и утре  се очекува слично време.

Слични содржини