Најмладата пратеничка во македонското собрание е 23-годишната Артина Ќазими

од Aleksandar Petrovski

23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6 е најмладата народна избраничка.

Во изјава за ТВ 21, таа нагласува дека за разлика од нејзините врснички кои сакале мода, спорт или музика, таа се интересирала за вести и за политика.

Нејзина цел во парламентот како што истакнува таа ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.

Слични содржини