Најмладиот хоспитализиран во кавадаречката болница има 26 години

од Берта Китинска

Зголемениот број во Кавадарци воедно и во Тиквешкиот регион на заболени лица со ковид 19 се должи на британскиот сој. Досега не е констатирано дека нешто е поразличен, нема разлика во клиничките слики. Она што е карактеристично е тоа што овој вид  брзо се шири. Зголемениот број на пациенти претпоставувам дека е  од собири , можеби и прослави, но сепак големиот број се должи на забрзаното ширење на овој вид мутација, вели доктор Диме Коцев директор на Општата болница во Кавадарци во емисијата 24 Анализа.

Тој кажа дека во моментов во болницата има 21 слободно место, најмладиот позитивен пациент има 26 години, а најстариот 81 година.

Слични содржини