Најмладиот пациент кој завршил на Токсикологија имал 16 години

од Берта Китинска

Во текот на новогодишната ноќ на Токсикологија завршиле 10 луѓе.

-Пет мажи и пет жени беа третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар, изјави директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами додавајќи дека имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Слични содржини