Најмладиот починат вакциниран пациент е 48-годишник со кардиолошка болест и дијабет

од Берта Китинска

Според неделната анализа на министерството за здравство во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани.

Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.Додека пак најмладиот починат вакциниран пацинет  има 48 години и страдал од кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет.

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.

Слични содржини