Најмоќно средство за заштита од короната не е вакцина, туку нешто друго: Овој човек го соопшти тоа

од Aleksandar Petrovski

Директорот на Американскиот институт за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд, изјави за време на сослушувањето во Сенатот дека маските можат да бидат подобра заштита од коронавирусот отколку вакцините.

„Маските се најмоќното средство за заштита од корона и можат да обезбедат уште подобра заштита од вакцините“, рече Редфилд, пренесува CNBC.

Тој посочи дека постојат научни докази дека маските делуваат и дека тие се најдобра заштита од вирусот корона.

Редфилд истакна дека Американците сè уште не носат маски до тој степен што би било доволно за да се одржи под контрола бројот на заразени.

Тој апелираше до американските граѓани да преземат одговорност и да носат маски.

Слични содржини