Најморничавите нешта што децата им ги кажале на нивните родители

од desk2

Сите знаеме дека децата зборуваат сешто, но што е со морничавите нешта што им ги кажуваат на нивните родители? Лудата имагинација во комбинација со учењето нови нешта е совршен рецепт за бизарни и морничави изјави. Од овие куси детски приказни ќе ве полазат морници.

1. Една мајка изјавила дека додека седела на каучот, слушнала звук на гребење. Кога се свртела, го видела нејзиното дете со табла на којашто пишувало: „Можам да го намирисам твојот страв.“

2. Внуката на една жена нацртала слика од маж со различно обоени очи. Кога родителите ја прашале зошто едното око му е сиво, девојчето одговорило: „Бидејќи може да ја види бурата што доаѓа.“

3. Една мајка ја пресоблекувала ќерка си пред отворена врата од гардероберот, а ќерката упорно гледала зад неа и се смеела. Кога ја прашала на што се смее, ќерката одговорила: „На мажот“. Кога ја прашала кој маж, ќерката изјавила: „Мажот со змија на вратот“. Оттогаш на мајката ѝ било страв да се распраша за историјата на куќата и дали некој се има обесено таму.

4. Еден татко на Твитер објавил дека син му му рекол: „Тато, ќе те изедам.“ На почетокот му звучело слатко, но синот продолжил: „Да, ќе те исечам на мали парчиња.“

5. Кога еден родител му кажувал на детето да си легне и дека нема ништо под креветот, детето му рекло: „Сега се зад тебе.“

6. Додека едно дете ја прегрнувало баба му, ја ставило раката на нејзиното лице и ѝ рекло дека е многу стара и дека наскоро ќе умре. Потоа погледнало кон часовникот.

7. Додека еден татко возел, неговиот 6-годишен син му рекол: „Тато, кога ќе имам седум години ќе те убијам. Не, чекај, кога ќе имам осум.“ Кога го прашал како ќе го направи тоа, детето рекло: „Ќе ти ја прегазам главата со автомобил.“

8. Кога едно 3-годишно момче и мајка му минувале покрај гробишта, детето рекло: „Брат ми е овде.“ Откако мајката му кажала дека нема брат, детето рекло: „Не мамо… од претходно. Кога друга жена ми беше мајка.“

9. Додека таткото и неговиот 7-годишен син шетале низ шума, одеднаш станало морничаво тивко. Тогаш синот рекол: „Дрвјата бараат жртва.“

10. После пикник, мајка и син отишле до продавница. Одеднаш, синот ја фатил за рака и ѝ рекол: „Мамо, кога ќе умреш, ќе направам мала верзија од тебе за да можам да те чувам засекогаш. Со твојата кожа и очи, но веројатно не со внатрешните органи.“

11. Откако завршило со јадење, едно дете рекло: „Тато, сакам да направам дупка во твојот стомак, да влезам внатре и да ја изедам твојата вечера.“

12. Едно 3-годишно девојче некое време гледало во нејзиното братче бебе. Потоа се свртило кон татко му ѝ рекло: „Тато, ова е чудовиште… треба да го закопаме.“

13. Кога едно момче имало 3 години, неговата мачка имала мртвородени мачиња. Момчето ги прашало родителите дали можат да направат крстови за нив, и тие се согласиле. Подоцна момчето рекло дека крстовите се премали, а кога го прашале зошто, тоа изјавило: „Зарем нема да ги распнеме на нив?“

14. Кога еден автобус застанал покрај клиника, едно девојче му рекло на татко му: „Смртта е доктор на сиротиот човек.“

15. Едно дете нацртало слика од авион и му ја покажало на мајка му. Детето рекло: „Сите луѓе во авионот се заробени.“ Потоа нацртало пламења и го обоило авионот црвен и рекло дека сите се мртви и дека никој нема да ги најде.

16. Едно 20-месечно дете дошло кај мајка му ѝ и рекло со британски акцент: „Мамо, навистина сум ти лут.“ Мајката изјавила дека тие не се Британци и дека не познаваат никој со таков акцент.

17. Еден човек го читал дневникот на неговиот 6-годишен син каде наишол на овој запис: „Понекогаш мама е во градината. Понекогаш тато работи во куќата. Кога тато мисли дека сум со мама, а мама мисли дека сум со тато, понекогаш одам во гаражата на соседот и си играм со нивните опасни алати.“ Подоцна детето не се сеќавало на настанот.

18. Едно 4-годишно девојче се плашело од звуците од цевките во кујната и ги нарекувало „бели волци“. Еднаш, додека вечерале, девојчето рекло: „Мамо, белите волци не се лоши… тие се наши пријатели!“. Мајката одговорила: „Да! Белите волци нè штитат. Тие се наши пријатели.“ Потоа девојчето додало: „Тие се наши пријатели, но не и мажот кој излегува од подот и стои покрај мојот кревет.“

19. Близначките на една жена ѝ рекле истовремено: „Гледаме сè што правиш… сè.“

20. Една келнерка сведочела на настан каде што 4-годишно девојче го бодело нејзиниот сендвич викајќи: „Умри! Умри! Умри!“. Додека мајката била отсутна, келнерката ја прашала што прави. Девојчето ѝ одговорило: „Сакам да убивам нешта, но мајка ми ми вели дека не треба. Па, ја одбрав шунката бидејќи не може да вика.“

21. Едно момче се плашело да излегува на одморите додека било во градинка. Рекло дека маж со кафеава брада и коса по име Оти, пред училиште му велел: „Дојди овде“. Од училиштето ги прегледале безбедносните снимки и не виделе никого.

22. Едно девојче ѝ рекло на мајка си дека некоја жена ја гледа додека гледа телевизија и дека спие над нејзиниот кревет додека спие и таа. Исто така рекло: „Не ме сака и сака да ми го изеде срцето.“

23. Едно 4-годишно девојче си играло надвор и копало дупки. Дупките биле со иста форма и големина и изгледале симетрично. Кога мајка ѝ ја прашала за што копа, девојчето рекло: „Мојата душа.“

24. Еден корисник од Редит бил во продавница да купи даска за сечење, додека неговата внука гледала ножеви. Девојчето се насмеало и весело рекло: „Гледај ги сите овие оружја за убивање!“

25. Едно мало момче истрчало во спалната на татко му и скокнало во неговиот кревет. Кога тој го прашал што му е, момчето рекло дека голем дебел маж со дупка во главата се обидувал да му го отвори прозорецот./Kafepauza

Слични содржини