Најнов ковид-биланс: Заразени 12,3 отсто од тестираните

од Nikola Popovski

Министерството за здравство попладнево соопшти дека регистрирани се 722 новозаболени со коронавирус, од 5.825 тестирани, односно 12,3 отсто.

Според билансот по градови: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Денеска оздравеле уште 574 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини