Најнова фотографија од Бритни Спирс и нејзините синови, обожавателите изненадени колку пораснале

од Stefanija Kuzmanovska

Бритни Спирс, чиј приватен живот повторно е главна тема во светот на славните, позираше со своите синови за семејна фотографија.

На фотографијата се 15-годишниот Шон Престон, 14-годишниот Џејден Џејмс и насмеаната Бритни. Фотографијата е наводно направена во Таузенд Оукс, Калифорнија, каде што живее Бритни, и е објавена на Инстаграм профилот посветен на синовите на пејачката.

Синовите се ретко видени со нивната мајка, па фановите беа изненадени колку пораснале.

Тие поминуваат повеќе време со нивниот татко, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн.

Во 2019 година беше поништена првичната судска одлука за задржување на синовите во еднакво поделено старателство над мајката и таткото и беше одлучено Федерлајн да добие 70 отсто од старателството, па затоа Шон Престон и Џејден Џејмс поминуваат значително помалку време со својата мајка, пишува „Мирор“.

Слични содржини