Најнова одлука: Се намалува полицискиот час, кафеаните ќе работат подолго

од Nikola Popovski

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење, а Владата на денешната седница донесе одлука со која времетраењето на полицискиот час ќе се скрати.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, стои во официјалното соопштение од владината прес-служба.

Оваа одлука следува по координација во координација со здравствените власти, Комисијата за заштита од заразни болести и Кризниот штаб,

Слични содржини