НАЈНОВА ВЕСТ ОД МОСКВА: Протеран украински дипломат

од Nikola Popovski

Службеник на украинската амбасада во Русија е прогласен за персона нон грата како одговор на протерувањето на руски дипломат од Киев, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот дипломат ќе мора да ја напушти Русија до 1 мај.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека Москва ќе преземе дополнителни мерки, доколку Киев продолжи со непријателските активности против руските дипломати.

Да потсетиме, руското Министерство за надворешни работи ѝ предложи на Амбасадата на Украина, конзулот, кој беше притворен во Санкт Петербург затоа што добил доверлива информација од руски државјанин, да ја напушти Русија во рок од 72 часа, почнувајќи од 19 април.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) претходно го уапси украинскиот конзул во Санкт Петербург Александар Сосоњук при добивање доверливи информации од руски државјанин. Нагласено е дека активноста на Сосоњук е „непријателска кон Русија и неспоива со статусот на дипломатски службеник“.

После тоа, Киев објави дека поради овој инцидент, руски висок дипломат мора да ја напушти Украина во следните 72 часа.

Слични содржини