Најнови податоци од Италија: Бројот на новозаразени повторно расте, нема место за опуштање

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија се зголемил денес за 610, со што вкупниот број изнесува 18.227, соопшти Италијанската агенција за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени случаи на коронавирус се зголемил за 4.204 и сега вкупно има 143.626, објави Ројтерс.

Во споредба со вчерашните 542 жртви, бројот на нови смртни случаи е малку зголемен, но ситуацијата е повеќе или помалку стабилна како во претходните неколку дена.

На интензивна нега има 3.605 лица, а 28.470 се излечени од коронавирусот.

Слични содржини